речник контакт

РК Борец пред згаснување?

Крајно е неизвесно дали ракометарите на Борец ќе може да го продолжат првенството во Супер лигата, бидејќи спонзорот си замина откако беше нападнат од дел од навивачите ,,Гемиџии,, .

Петар Печков

Натпревар против Металург, закажан за в среда,  велешани наместо домаќини ќе го играат како гости во Скопје, но дали ќе се најде решени на долг рок, никој не може да каже. Ракометарите и тренерите одржаа прес конференција на која побараа помош и го осудија вандалскиот чин на дел од навивачите, кои тоа го сторија во Кавадарци.

Нема оправдување за тоа што неколкумина, да речеме навивачи, го направија на полувремето на натпреварот со Тиквеш. Нивната глупост сега ја плаќаат ракометарите кои останаа без спонзор а градот и гледачите кои се казнети без вина. Се обративме до повеќе фирми во градот, но тие понудија еднократна помош, која може да помогне да се одигра еден два натпревари. Што потоа е прашањето. Сево ова води кон едно, дека  Борец нема да одигра два средби во лигата, по што ќе бидеме избришани и ќе се преселиме во најнизок ранг. Но ни таму ќе имаме пари за настап, па лесно може да се случи клубот да престане да постои во годината на јубилеј. Штета за ракометарите бидејќи создадовме млада екипа, ја вративме публиката во салата – изјави Тони Шопов тренер на РК Борец

. Тие побарале помош и од градот за да можат да одиграат неколку натпревари, со надеж дека во меѓувреме ќе се најде некој спонзор и така ќе се реши проблемот. Потсетуваат дека летово клубот славеше голем јубилеј 60 години од ракометот во Велес, како најстар клуб во Македонија а сега се на прагот од згаснување.

По четири одиграни кола Борец има забележано две победи, во старт кој ги надмина најоптимистичките очекувања.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »